Решфорд и Гарнер за триумф на Јунајтед во Перт (ВИДЕО)
Денеска Јунајтед го имаше својот прв контролен меч во предсезонската турнеја, на „Оптус“ стадионот во Перт славеа „црвените ѓаволи“ против Перт Глори. Триумф од 2:0, а стрелци беа Решфорд во 60 и Гарнер во 85 минута од средбата.
Менаџерот на премиерлигашкиот клуб Оле Гунар Солскјер на почетокот од првото и второто полувреме на теренот имаше целосно различни состави, со идејата 22 фудбалери одиграат по 45 минути.
На денешната пресметка за англискиот гигант не настапи белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку.
Во првото полувреме за тимот од „Олд Трафорд“ настапија Ромеро, Далот, Туанзебе, џонс, Јанг, А. Переира, Матиќ, Чонг, Лингард, Џејмс, Марсијал.
Во второто полувреме шанса добија Ж. Переира, Ван Бисака, Рохо, Смолинг, Шо, Гарнер, Мектоминеј, Мата, Погба, Гомез, Гринвуд, Решфорд.
Во Перт се очекува Јунајтед да одигра уште еден пријателски натпревар против Лидс, а потоа пат околу светот, во Сингапур против Интер, во Кина со Тотенхем, во Норвешка со Кристијансунд, и во Кардиф против Милан.