Решенијата за изолација доцнат 3 дена

фото: МИА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по зачестените прашања околу времето на издавање на решенијата за самоизолација, известува дека во последниот период, заради зголемен број на позитивни лица на вирусот ковид-19 и на нивните контакти, решенијата за изолација во одредени градови се издаваат со задоцнување од 2 до 3 дена.

На 13 ноември 2020 година, се издаваат решенија од списокот добиен од Институт за јавно здравје со датум од 11 ноември 2020 година.
Во интерес на граѓаните и здравствениот систем во земјава, инспекторите од ДСЗИ од март годинава, со прогласување на пандемијата, работат секој ден, без исклучок и за викенди и за празници.

Решенијата кои ги подготвуваат ги испраќаат на 3 начини: преку интернет апликацијата Вибер, преку електронска пошта или на домашна адреса која граѓаните ја пријавиле во пунктовите, од каде им е земен брис за Ковид -19. 

Доколку некои од податоците се погрешно регистрирани и не им стигнува решение за самоизолација, граѓаните треба да се обратат на следнава адреса: [email protected], каде треба да наведат точни податоци и адреса каде да им се достави решението, информира директорката на ДСЗИ доктор Ирина Сотирова Бухова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот