Решението за краткото име е доказ дека има волја на двете страни, смета вицепремиерот за европски прашања

Колаж: „Слободен печат“

Ова прашање беше отворено пред повеќе од две години и беше една од трите блокади од бугарска страна. За да не го блокираат користењето на краткото име побараа да се испрати нота која објаснува дека Северна Македонија нема територијални претензии, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус” на ТВ21.

Тој додаде дека досега имало пристап да се држат сите прашања во пакет, што не даде резултати, иако точките беа добро определени од претходно.

-Тактички беше важно да се реши ова прашање, како гест на добра волја од двете страни за да се затвори едно од отворените прашања. Останатите точки од пакетот 5+1 треба да се решат во пакет, но ова прашање беше најмалку спорно и веднаш се реши со што се покажа добра волја од двете страни, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека целта на новиот пристап во разговорите со Бугарија е да се вклучат повеќе теми за да има поширок круг на мерки за градење на доверба преку конкретни чекори кои ќе им значат на граѓаните.

-Не бегаме од историските прашања, но со раширувањето на сетот на тем

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот