Решението на Болсонаро за рекордниот број на заболени од коронавирус – Лекот на Трамп

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Во Бразил за време на последните 24 часа се регистрирани речиси 20.000 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број на заболени во еден ден во таа земја.

Поглед кон познатата испразнета плажа Ипанема на Копакабана / 22 април, Рио де Жанеиро, Бразил / Фото: EPA-EFE/Antonio Lacerda

Пријавени се и 888 нови смртни случаи, соопшти министерството за здравство, пренесува агенцијата Ројтерс.

Вкупно заразени се 291.579 луѓе, а починати се речиси 19.000 заболени.

Луѓе во Рио де Жанеиро присуствуваат на масовен погреб на жртви починати од коронавирус / 23 април 2020, Рио де Женерио, Бразил / Фото: EPA-EFE/RAPHAEL ALVES

Администрацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одобри во средата употреба на хидроксихлорокин, лекот против маларија, кој американскиот претседател Доналд Трамп го промовира како терапија за Ковид-19.

Болсонаро напишал на својот Фејсбук профил дека „и понатаму нема научен доказ, но се следи и користи во Бразил и низ целиот свет“.

Станува збор за лек против маларија кој веќе два месеци Трамп жестоко го препорачува како  „божјо чудо“ и „чудотворен лек“ за коронавирус, сам или заедно во комбинација со азитромицин, антибиотик кој е изум на хрватската компанија Плива, а кој кај нас се наоѓа под името „Сумамед“.

Сепак, лекот против маларија кој се промовира како потенцијален лек во лекувањето против вирусот Ковид-19, не се покажа како ефикасен против оваа болест, туку напротив, ја зголемува смртноста кај пациентите кај кои е применуван, покажаа анализи објавени минатиот месец од американските болници каде бил користен во терапијата. Исто така, нови студии деновиве тврдат дека „лекот на Трамп“ е бескорисен.

Според здравствените експерти најголемата закана на бразилскиот одговор на Ковид-19 е претседателот Жаир Болсонаро, а критиките дојдоа откако на почетокот од месецов новинарите го прашаа да го прокоментира драстичниот пораст на заболени, по што Болсонаро одговори „Па што, што очекувате од мене да направам?“.

Во меѓувреме, шефот на Светската здравствена организација д-р Мајкл Рајан соопшти дека „Хидроксихлорокинот е една многуте можни терапии што се тестираат на светско ниво“, истакнувајќи дека „секоја држава може да носи свои одлуки“.

Исто така, Велика Британија почнува со тестирања на хлорокин, хидроксихлорокин или плацебо средство на 40.000 здравствени работници во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка кои имаат контакт со пациенти заразени со коронавирусот, пренесе Би-Би-Си.

Студиите покажаа: Лекот за коронавирус на Трамп е бескорисен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот