Решение за проблемот со алергискиот ринитис: Направете лек против кивавица

Доколку имате „среќа” за време на пријатните пролетни денови, со сите перипетии кој ни ги донесе коронавирусот, да ве мачат и алергии од полен и цветањето на природата, сигурно не знаете како да се изборите со досадната кивавица.

Покрај лековите кои ги пиете и витамините за зајакнување на имунитетот, препорачуваме да пробате и природен „медикамент”.

Направете многу брзо и лесно сируп од рен.

  • Парче рен, зеленчук со исклучително силен мирис, изрендајте го, а потоа прелијте го со чаша топла вода во која претходно сте раствориле лажичка мед.
  • Важно е многу добро да ја измешате смесата и сирупот е готов.
  • Ова е доза за една употреба, а потребно е да ја правите два или уште подобро три пати на ден и да ја пиете голтка по голтка. Во никој случај одеднаш, бидејќи посакуваниот ефект ќе изостане.
  • Со бавно пиење, силниот мирис на ренот и сите лековити состојки кои ги има, ќе го прекине кивањето и ќе ви помогне полесно да дишите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот