Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Фото: mia.mk

Општина Центар донесе решение со кое му наложува на инвеститорот да ја отстрани челична конструкција со димензии 10×11 метри пред деловниот простор на гостилница „Аманет”, за која овластен општински градежен инспектор констатира дека не поседува решение за поставување.

– Овластен градежен инспектор на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, изврши увид и констатира дека инвеститорот ДПТУ „Примес ко ДООЕЛ Скопје“, со седиште на улица „Павел Шатев ” бр.2, не поседува решение за поставување на урбана опрема – челична конструкција обложена со стакло со димензии 10×11 метри, пред деловниот простор на гостилница „Аманет”. Овластениот градежен инспектор донесе решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да ја отстрани градбата, соопшти Општина Центар.

Во овој случај, се вели во соопштението, изјавена жалба против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на наведените градби, не го одлага извршувањето на решението согласно член 137 став 4 од Законот за градење.

– Општина Центар нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот, велат од локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот