Решени 8.500 предмети за помош и нега од друго лице

Приоритет на Владата, се вели во соопштението, е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги. 

Новите комисии за помош и нега од друго лице кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита, функционираат непречено и досега се решени 8.500 предмети, информира владината прес-служба.
-Министерството за труд и социјална политика со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице. Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи- се вели во заедничното соопштение од министерот за здравство Венко Филипче и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.
Формирани се 15 комисии, од кои пет во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија, како и дека комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување 1 февруари.
Приоритет на Владата, се вели во соопштението, е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот