Решава судоку, малку е суеверна и навива за Партизан, а денеска Ана Ивановиќ слави роденден (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Додека ужива во заслужената тениска пензија и во друштвото на своите омилени момчиња – сопругот Бастијан и нивните два сина, Ана го прославува 32-от роденден, а како што вчера откри на Инстаграм, во моментов се наоѓа некаде на Медитеранот. Додека таа и нејзините најмили уживаат во убавините на есента покрај Средоземното Море, да се присетиме на некои интересни работи за Ана Ивановиќ.

Го засакала тенисот додека ја гледала Моника Селеш

Ана Ивановиќ за првпат држела рекет на само пет години, откако била инспирирана од Моника Селеш, нејзиниот најголем идол.

Тренирала тенис на олимписки базен

Во една прилика Новак Ѓоковиќ открил дека тој и Ана вредно тренирале и во 1999 година, по агресијата на НАТО над Србија. Тренинзите ги одржувале наутро за да се избегне вежбањето во најкритичните делови од денот, па двајцата се симнувале во испразнетиот олимписки базен кој бил прекриен и служел како своевиден тениски терен.

 

Тешко се справувала со поразите

Како и секое дете, пред да стане професионалец и да научи да се справува со различните ситуации во спортот, Ана тешко поднесувала кога ќе изгуби. Во една нејзина биографија пишува дека кога имала 15 години поради пораз плачела дури четири часа во соблекувалната.

Profimedia

Ликот на Ана се нашол на поштенски марки

Србија ѝ укажала голема чест на тенисерката, кога добила поштенска марка со нејзиниот лик, како и нејзините колеги Новак Ѓоковиќ и Јелена Јанковиќ.

Фудбалот е нејзина голема љубов

Не само што фудбалерот Бастијан Швајнштајгер е нејзината љубов, туку Ана од детството е позната и како страстен навивач кога станува збор за овој спорт, а никогаш не криела дека навива за белградски Партизан.

profimedia

Ана зборува четири јазици

Покрај српскиот и англискиот јазик, Ана зборува и шпански, а откако го изговорила судбоносното „да“ на Бастијан Швајнштајгер, имавме прилика да слушнеме дека тенисерката зборува и германски јазик.

Instagram

Има неколку необични навики

Како што пишуваа сите светски медиуми, Ана е по малку суеверна, па не ги гази линиите на тенискиот терен, а во соблекувалната пред важните натпревари се опушта така што решава судоку.

Profimedia

Нејзиниот лик можевме да го видиме во видеоигри

Ана Ивановиќ се нашла како лик во голем број игри, а некои од нив се: Smash Court Tennis 3, Virtua Tennis и Top Spin 4.

Таа е и дел од една песна

Тенисерката учествувала во снимање на песната Hurricane Ana (Ураганот Ана), која ја продуцирале српскиот рапер Филип Филипи и реге уметникот Коли Бадз.

Profimedia

Позирала за голем број познати списанија

На Ана веројатно ѝ завидуваат и најубавите и најуспешни модели и манекенки со оглед на тоа што на листата на магазините за кои позирала се наоѓаат FHM, Vanity Fair, Cosmopolitan, Sports Illustrated и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот