Ресенчанец сакал да ограби банкомат

Одделението за внатрешни работи Ресен – Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска (21.01.2022) до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид.

Имено, на 15.12.2021 околу 2 часот на улицата „Мите Богоевски” во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него. Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот