Републиканецот Колин Пауел најави поддршка за Бајден на претстојните избори во САД

Колин Пауел / Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот државен секретар и поранешен началник на Генералштабот на САД Колин Пауел денеска изјави дека ќе гласа за демократскиот кандидат Џо Бајден, со што стана првиот истакнат републиканец кој јавно го поддржа ривалот на претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.

– Имаме Устав. И ние мора да го следиме тој Устав. А претседателот се оддалечи од тоа, изјави Пауел за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека Трамп е „неефикасен претседател” и оти станал уште полош откако стапил на должност.

– Годинава на никаков начин не можам да го поддржам претседателот Трамп, рече Пауел, кој не гласаше за Трамп ниту во 2016 година.

На прашањето дали ќе гласа за Бајден, Пауел рече: „Ќе гласам за него”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот