Републиканците официјално го номинираа Трамп за кандидат на претседателските избори во САД

Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември.

Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД.

Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со строги здравствени протоколи, успеаја да спроведат поскромен собир испраќајќи во Шарлот само шест делегати од секоја држава.

Демократите, од друга страна, сите собири ги одржуваа виртуелно.

Сепак, конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во Белата куќа во четврток за да гледаат во живо како претседателот Трамп ја добива номинацијата од неговата партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот