Република Српска донесе одлука за итна набавка на болница со 500 кревети

Владата на Република Српска денеска донесе одлука, по итна процедура, да спроведе постапка за набавка на мобилна болница со 500 болнички кревети и целата придружна опрема, на површина од 6.000 квадратни метри.

Владата на ентитетот издвои 3.650.000 марки за набавка на мобилната болница. (1 КМ=0,51 евро).

Мобилната болница ќе ја има сета потребна придружни опрема, како што се: приемно одделение, канцелариски оддел, аптека, лабораторија со лабораториска опрема, медицинска опрема, опрема за интензивна нега, болничка опрема, тушеви, тоалетни модули со кабини, генератор, електрична дистрибуција центар, сет за дистрибуција на вода и кујна.

Крајниот рок за испорака е 10 дена, а постапката ќе се спроведе преку Институтот за јавно здравје на РС, соопшти Владата во Бања Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот