РЕПРИЗА НА ДРАМАТА: Карлеуша и Тошиќ повторно во криза – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

РЕПРИЗА НА ДРАМАТА: Карлеуша и Тошиќ повторно во криза

Дали повторно има криза во бракот на Јелена и Душко.

Драмата во бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно продолжува, со реприза на една од претходните епизоди кои го привлекоа вниманието на јавноста.

Бројот на луѓе кои таа ги следи вчера се намали од 38 на 37, а со едно обично пребарување може да се забележи дека таа веќе не го следи Душко. Иста е ситуацијата и на неговиот профил на Инстаграм.

Ова не е првпат партнерите да се отследуваат од социјалните мрежи, но по неколку дена да објават дека сè е во ред со нивниот брак.

Нивниот брак е во криза по скандалот со наводната афера меѓу Јелена и фудбалерот Огњен Врањеш. Во меѓувреме, Душко воопшто не се крие дека му се допаѓаат фотографии од естрадните колешки на неговата сопруга. Во случајот со пејачката Катарина Грујиќ, откако многумина забележаа дека ставил „лајк“ на нејзина фотографија, тој го повлече.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close