Репрезентативниот голман Божиноски има нов клуб во Португалија

фото: фејсбук

Голманот на младата македонска У21 репрезентација Томас Божиноски од следната сезона ќе ги брани боите на Маринхенсе.

Овој клуб оваа сезона играше во третата португалска лига, во групата „Ц“ во која обезбеди опстанок освојувајќи го 11 место на конечната табела.

Нашиот чувар на мрежата во новиот клуб доаѓа од редовите на Феиренсе, а претходно беше дел уште од Пакош Фереира, Виторија Гимараеш и Порто.

На репрезентативен план лани се најде во составот на селекторот Благоја Милевски за пријателскиот натпревар и победата во Трнава од 1:0 над Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот