Репрезентативниот центар се врати во Работнички
Љубомир Младеновски одлучи во новата сезона да ги брани боите на Работнички со кој ќе атакува на двојната круна, а таа веќе ја има вкусено со екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Центарот (24) кој воедно ги брани и боите на најдобрата македонска репрезентација, својата кариера ја започна токму во редовите на Работнички.
Во периодот од 2013-2017 година со „штрковите“ петпати ја освојуваше титулата во првенство, а се закити и со два трофеи во националниот куп.
Беше дел од екипата на Илирија, па ланската сезона повторно го облече дресот на „металците“, а сега прави трансфер во нивниот лут градски ривал.
За едни можеби „предавство“ со оглед дека станува збор за две екипи чии натпревари секогаш привлекувале внимание, а за други само уште еден звучен кошаркарски трансфер што е секако добро за една неизвесна борба сезонава на патот до тронот.