Репрезентативецот Николов потпиша нов договор со МЗТ

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов (23 год, 188 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со клубот.

Станува збор за плејмејкер, кој со 18 години дебитира во Евролигата како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година со што влезе во историјата како најмлад репрезентативец.

Тој ги одигра сите 17 средби за екипата во Првата лига минатата сезона и тоа со просек од 7,2 поени, 2,3 скока и 2,9 асистенции, додека настапи и на 21 меч во АБА2-лигата со просечна минутажа од околу 10 минути.

Тој е седмиот наш репрезентативец кој ќе му биде на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов во сезоната која доаѓа, со оглед на претходно потпишаните соработки со Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

На списокот играчи се и тројца странци и тоа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот