Репрезентативецот Костовски останува во Гостивар

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костовски и во наредната сезона ќе го носи дресот на прволигашот Гостивар. Костовски и Гостивар се договорија да ја продолжат соработката за уште една година, откако во минатата сезона, репрезентативецот имаше просечни 13.3 поени, 5.8 асистенции и 3.5 скокови по натпревар, и беше еден од најзаслужните за пласманот во плејофот.

Претходно, екипата на Гостивар потпиша нови договори со ветеранот Диме Тасовски, близнаците Роберт и Ренато Димитриевски и Милан Димитриески, а го ангажира и Американецот Донован Доналдсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот