Репрезентативец на Саудиска Арабија се бори за живот, постојат сомнежи за обид за убиство

Фото: EPA-EFE/STR

Фудбалскиот репрезентативец на Саудиска Арабија Фахад Ал-Мувалад се бори за живот откако паднал од балконот на својот дом во Дубаи, објавија медиумите од ОАЕ.

Ал-Мувалад го носеше дресот на Саудиска Арабија во квалификациските натпревари против кина и Индонезија, а по враќањето во Дубаи дошло до страшна случка. 30-годишниот фудбалер паднал од терасата на неговиот стан кој се наоѓал на вториот кат од зградата.

Информациите кои засега ги има полицијата се дека тој бил сам во собата во тие моменти. Неговите пријатели наводно си заминале половина час претходно.

Во тек се собирање на видео-снимки од околината кои можат да помогнат во утврдување на точните причини за случајот. Дел од шпекулаците во јавноста се дека фудбалерот бил фрлен од терасата од луѓе блиски на саудискиот принц, засега таквите наводи не се потврдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот