Репрезентативците расположени пред Косово: Несторовски, Адеми, Спировски…! (ВИДЕО)

фото: твитер

Хет-трик на Несторовски за Удинезе, победнички гол на Спировски во Израел, и уште еден на Адеми за Динамо Загреб се новите радосни вести за Ангеловски.

Се ближи денот (26 март 2020 год.) кога македонската А репрезентација ќе го игра полуфиналниот меч во Лигата на нации против Косово за пласман на Европското првенство 2020 година.

Засега нема никакви најави од УЕФА и ФФМ за одложување (поради коронавирусот) на натпреварот во Скопје, влезниците веќе се продаваат во билетарите на Арената „Тодор Проески“ и останатите градови ширум државата.

Селекторот Игор Ангеловски со големо внимание во овој период ги следи настапите на нашите репрезентативци кои настапуваат за своите клубови, а во право време доаѓаат голови кои секако радуваат и се надеваме дека така ќе биде и против Скопје, а зошто да не и на евентуалното финале за учество на ЕП кај Грузија или Белорусија.

Претходно објавивме за хет-трикот на Илија Несторовски во дресот на Удинезе (13:1), а денеска уште двајца наши интернационалци се запишуваа во листата на стрелците.

Стефан Спировски го постигна победничкиот гол во Купот на Израел во 111 минута за пласман во полуфиналето за екипата на Хапоел Тел Авив.

Аријан Адеми ја „завери“ победата на Динамо Загреб на стадионот „Пољуд“ (0:2) против Хајдук за чекор поблиску до шампионската титула во хрватскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот