Репресивните политики на Ердоган потврдени од Врховниот суд на Турција

Osman Kavala, Chair of the cultural organisation Anadolu Kultur in Turkey holds press conference at European Parliament headquarters in Brussels, Belgium on 11.12.2014 International Peace and Reconciliation Initiative issued the Report on Turkey-Kurds Peace Process by Wiktor Dabkowski,Image: 212983442, License: Rights-managed, Restrictions: GERMANY OUT, Model Release: no, Credit line: Wiktor Dabkowski / AFP / Profimedia

Еден од најпознатите турски демократски активисти, Осман Кавала, веќе три години е во притвор, без да биде осуден за обвиненијата дека бил дел од „обидот за уривање на уставниот поредок“ и „шпионажа“

Европската Унија залудно повикува на итно ослободување на бизнисменот и активист Осман Кавала, бидејќи Врховниот суд на Турција пресуди дека продолжениот притвор е легален, и покрај тоа што Кавала се наоѓа во притвор повеќе од три години без да биде осуден. Притворот на Кавала „не претставува повреда“ на неговите права, одлучил Врховниот суд, според турската државна новинска агенција Анадолу.

63-годишниот Кавала се обратил до судот тврдејќи дека неговиот притвор е незаконски и затоа го нарушува неговото право на слобода и безбедност. Активистот се соочува со доживотен затвор за „обид за уривање на уставниот поредок“ и уште 20 години затвор за „шпионажа“.

Кавала е во затвор од крајот на 2017 година, додека на почетокот на овој месец судот во Истанбул донесе одлука за дополнително продолжување на неговиот притвор.

Хјуман рајтс воч го оцени судскиот процес како „наместено судење“, а Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) побара негово ослободување.

Кавала претходно беше обвинет за поттикнување на големите антивладини протести на Гези во 2013 година, но беше ослободен откако обвиненијата на крајот беа отфрлени од страна на судот.

Сепак, тој повторно беше уапсен под обвинение поврзано со неуспешниот обид за воен удар од 2016 година, како илјадници други активисти, академици и државни службеници во Турција.

Притворот за Осман Кавала предизвика бура реакции од критичарите на Ердоган, кои велат дека со тоа се демонстрира политички притисок врз турското судство. Неодамнешните ветувања на турскиот претседател за судски реформи дадоа надеж дека Кавала и други обвинети може да бидат ослободени од затвор. Но, Ердоган оттогаш го издвои Кавала како „спонзор“ на протестите во паркот Гези во 2013 година – и покрај фактот што судовите го ослободија од обвинението.

Вреди да се напомене дека Европскиот суд за човекови права бараше негово ослободување веќе една година, нагласувајќи дека неговиот притвор има за цел тој да се замолчи. Но, пресудата на Европскиот суд не е спроведена, како што често се случува во турските судови.

Преземено од „Ефемерида тон синтактон“ од Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот