Репортери без граници: Ги осудуваме нападите кон српската телевизија „Н1“

Во однос на последните напади кон српската телевизија „Н1“, Андес Мевел, претставничка на меѓународната организација „Репортери Без граници“, истакна дека во текот на последната недела нападите кон оваа медиумска куќа станале се почести.

Таа истакна и дека „Репортери без граници“ строго ги осудуваат ваквите напади.

– Го осудуваме нападот на уредникот на ‘Н1’, Југослав Ќосиќ, како и фрлањето летоци со пораки дека ‘Н1’ треба да ја напушти Србија, што е сторено од маскирани лица, додека на телевизијата било емитувано интервју со кандидатотот за следен премиер на Косово, Албин Курти. Покрај тоа, забележани се и закани преку социјалните мрежи. На Ќосиќ му се заканувале и на тој начин. Исто така, во средината на октомври забележавме дека непознати сторители му пришле на еден репортер од ‘Н1’, му се заканувале и му рекле да се врати назад во Луксембург – вели Адес-Мевел за Радио Слободна Европа.

Таа подвлекува дека оваа организација внимателно ги следи и анализира медиумските околности во Србија, а посебно оние поврзани со „Н1“.

– Прочитав дека и претседателот на Србија и негови блиску луѓе рекле дека тоа што тој не се чувствува добро е последица на нападот од страна на новинар на ‘Н1’. Исто така, загрижена сум што Сузана Васиљевиќ (советничка за медиуми на претседателот на Србија, Александар Вучиќ), за време на викендот, кога гостуваше на телевизијата ‘Пинк’, околу десетина пати го спомена името на новинарот на ‘Н1’, Миодраг Шовиља. Тоа не е добро за мирната околина и дијалогот во општеството – смета Адес-Мевел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот