Репортажа за Македонија вечерва премиерно на германската телевизија ХР1

Кадри од репортажата Nordmazedonien - Kommt auf die Bucket /Фото: Нина Хајнс и Јенс Бенер

Вечера во 20.15 часот на германската телевизија ХР1 ќе биде емитувана репоратажа од Македонија која ја снимија режисерите Нина Хајнс и Јенс Бенер. Репортажата со наслов „Nordmazedonien – Kommt auf die Bucket List“ говори за убавините на земјата и необичните места кои авторите ги посетиле во текот на престојот во Македонија со препорака од насловот задолжително да се посети.

„Околу 80 проценти од пејзажот на Северна Македонија се карактеризира со високи планини и планински венци – идеална дестинација за патување за ентузијасти на отворено. Без разлика дали се работи за планинарење, за јавање коњи или за параглајдерството – режисерите Нина Хајнс и Јенс Бенер речиси ништо не оставија неискусено од недопрената природа на балканската земја. Малата балканска земја нема излез на море, но Охридското Езеро дава чувство на вистински одмор. Се смета за едно од најстарите езера во светот и тука Нина и Јенс го посетуваат најпознатиот манастир во земјата, Свети Наум“, стои во најавата за емисијата.

Во продолжение се зборува и за нивното воодушевување од Преспанското Езеро, за спомениците во Скопје, но и за ајварот, најпознатиот македонски деликатес.

„Преспанското Езеро во граничниот триаголник на Северна Македонија, Албанија и Грција е познато по многуте пеликани. Ќе одите на истражувачка тура со чувар од Националниот парк, каде што одблиску ќе им се восхитувате на кормораните и желките. Главниот град. Скопје доживеа бизарно преуредување во последниве години: безброј згради и статуи се обновени, но во стилот на минатите времиња – интересен архитектонски судир. И, се разбира, двајцата протагонисти гледаат во тенџерињата за готвење во земјата и учат како да подготвуват ајвар, познат и како „кавијар на Балканот“, пишува во најавата за репортажата посветена на Македонија.

Репортажата за Македонија која ќе се емитува пред германската телевизиска публика трае 45 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот