„Реплек“: Управниот и Надзорниот одбор добија доверба, Туџаров останува генерален директор

На денешното продолжение на седницата на Годишното собрание на акционери на АД „Реплек“, едногласно беше изгласана доверба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, а со тоа Иван Туџаров, ја задржа позицијата на генерален директор на компанијата. Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, оваа седница беше прекината на 8 април, кога дел од акционерите се изјаснија дека во време кога компанијата остварила 28 отсто раст, не требало да има намалување на дивидендата во однос на претходната 2019 година. Имало забелешки и на нетранспарентноста на работењето.

Вчера на Берзата не успеа и продажбата на пакетот акции од 6,88 отсто, кој беше понуден по цена од 135.000 денари за акција.

Иван Туџаров, генерален директор на „Реплек фарм“: Сомнежи за лични интереси за преземање на компанијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот