Реномиран американски магазин го нападна Трамп: Ако вака продолжи го чека судбината на Слободан Милошевиќ

Фото: EPA / Molly Riley

Реномираниот американски магазин „Атлантик“ пишува дека претседателот на САД, Доналд Трамп досега владеел по својот автократски инстинкт и дека сега го чека судбината која често ги стигнува автократите кога луѓето се вртат против нив, како она што се случи со Слободан Милошевиќ.

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/DOUG MILLS/ POOL

Сегашните немири „Атлантик“ ги споредува со соборувањето на претседателите кои, според тврдењата на тој весник, биле диктатори и како примери ги наведува Милошевиќ во Србија, Виктор Јануковиќ во Украина или Бен Али во Тунис.

„Атлантик“ наведува дека САД доживува хаос каков што не бил виден од 1968 година кога нацијата била поделена.

Лос Анџелес, Калифорнија, САД / 01 јуни 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

– Иако мандатот на Трамп ќе заврши со изборите, а не со соборување, магнитудата на се тоа што се случува, а и се што претстои е можно да се разбере единствено ако ги погледнеме сличните случаи во странство, пишува „Атлантик“.

Како и во бројни револуции, во САД се водат две битки – една е долгата борба против бруталната и репресивна идеологија, а другата е борба против еден лидер, оценува понатаму американскиот магазин, додавајќи дека тоа е борба против претседател кој дошол на власт преку зголемување на расните тензии.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

„Атлантик“ пишува дека тоа се случило и во Украина во 2014 година кога бил соборен Јануковиќ во таканаречената „Портокалова револуција“.

Тогаш Јануковиќ одлучи да се одрече од пристапување кон ЕУ, а голем број на луѓе се собираа на Плоштадот Мајдан во Киев и буквално кампуваа таму со денови, а поради полициската бруталност починаа над 100 активисти.

Човек на колена стои пред меморијалот каде се истакнати сите имиња и фотографии од активисти убиени на плоштадот Мајдан за време на антивладините простести во 2014. Украинците во февруари 2020 одбележаа 6 години од Портокаловата револиција, кога народот излезе на масовни протести против владата на тогашниот претседател Виктор Јануоковиќ, кога 100 лица починаа поради полициска бруталност / 20 февруари 2020, Киев, Украина / Фото: EPA-EFE/STEPAN FRANKO

„Место да им дозволи на демонстрантите да протестираат, Јануковиќ одлучил насилно да се справи со нив, а тактиката му се одбила од глава. Движењето со ограничени средства стана целосна силна револуција, пишува „Атлантик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот