Реномето на руското оружје доведено во прашање поради конфликот во Украина

Руски војник / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Фотографиите со уништеното и напуштено оружје што доаѓаат од Украина, посебно на руската армија и машинерија, почнуваат да создаваат сомнежи околу квалитетот и издржливоста на производите на руската одбранбена индустрија, пишуваат кинеските медиуми.

Уништен руски тенк во Украина / Фото: Слободен печат – Кристина Атовска

СЦМП (South Shina morning post) пренесува студија од сингапурскиот ИСЕАС-Јусоф Ишак институт, кој открива дека конфликтот во Украина ѝ наштетил на репутацијата на руската одбранбена индустрија во Југоисточна Азија.

Русија во изминатите две децении е најголем извозник на оружје во Југоисточна Азија, меѓутоа, од 2014 година, вредноста на нејзините договори е во постојан пад.

Процената на институтот е дека војната само ги отежнува напорите на одбранбената индустрија за зголемување на продажбата и најверојатно ќе доведе до дополнителен пад на извозот на оружје во регионот.

„Лошите резултати на бојното поле на руските вооружени сили предизвикаа значителна штета на репутацијата на оружјето и машинеријата од руско производство,“ изјавува авторот на извештајот Иан Стореј.

Наводно, соборувањето на рускиот ловец од четврта генерација СУ-35 со антиавионска ракета, се очекува да влијае на планот на Виетнам за купување на СУ-35. Сериозен удар за руското реноме беше и уништувањето на крстосувачот „Москва“ во Црното море, кој со ова стана најголемиот воен брод уништен од Втората светска војна до денес. На ова се надоврзуваат десетиците уништени хеликоптери, тенкови и слична опрема, која до сега ги имаше највисоките оценки на различните тестови и проби.

Во одбрана на руската воена опрема, Закари Абуса од вашингтонскиот „Нешнл вор колеџ“, објаснува дека вистинската грешка не е во руската опрема, туку во „тактиките“, некомпетентното лидерство, немотивираните војници и погрешните претпоставки на кои се базираше одлуката за тргнување во војна.

Врз идните договори ќе влијае и празнењето на руските залихи со секакви видови оружје и муниција, чие пополнување ќе добие предност во однос на вооружувањето на остатокот од светот.

Сериозен проблем за постојните и идните купувачи на руско оружје ќе бидат санкциите воведени од Западот, кои забрануваат испорака на Русија на микро-чипови и општо делови кои би можеле а бидат употребени за воената индустрија и нејзините производи.

Со исклучок на нуклеарно оружје, Русија на своите купувачи и го нуди целосниот опсег на вооружување со кое располага, од воени авиони и подморници, до тенкови и лично вооружување, и тоа главно по цени поевтини отколку оружјето произведено во САД и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот