„Рено“ успеа да се извлече од кризата: Државата му обезбеди кредит од 5 милијарди евра

Заемот го одобри министерот за финансии Бруно Ле Мер по состанокот со раководните лица, претставници на синдикатот и локалните претставници. Според „Рено“ кредитот би требало да овозможи ликвидност за компанијата.

Француската влада соопшти дека го потпишала кредитот како помош од државата во висина од 5 милијарди евра за „Рено“.

За потсетување компанијата веќе извесен период е во проблеми, а приморана е да отпушти 15 илјади работници ширум светот.

Заемот го одобри министерот за финансии Бруно Ле Мер по состанокот со раководните лица, претставници на синдикатот и локалните претставници. Според „Рено“ кредитот би требало да овозможи ликвидност за компанијата.

Минатата недела француската компанија најави отпуштање на 15 илјади работници ширум светот, од кои 4.600 од Франција, како дел од големото реструктуирање. Најавата предизвика протести за време на викендот во некои од фабриките иако претседателот на „Рено“ ги уверуваше дека нивните локации нема да бидат затворени.

Во февруари „Рено“ ја забележа својата прва годишна загуба за една деценија, откако претходно поранешниот извршен директор Карлос Гошн беше уапсен во Јапонија во 2018 година.

Поради пандемијата, продажбата на автомобили на францускиот пазар опаднала за 89 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот