„Рено“ и „Фиат“ планираат да се спојат

Од француската компанија за автомобили „Рено“ во понеделникот изјавија дека го разгледуваат предлогот од „Фиат-Крајслер“ да се здружат во една компанија во глобално партнерство за да ги подобрат своите шанси во трансферот на индустријата во производство на електронски и автономни автомобили.

Доколку договорот биде прифатен од „Рено“, новата компанија би ја претркала „Џенерал Моторс“ како трета најголема компанија за автомобили во светот. Само „Фолксваген“ и „Тојота“ ќе бидат поголеми. Значително ќе се промени балансот во глобалната авто индустрија.

Според понудата на „Фиат“, акционерите од двете компании ќе добијат по 50 отсто од ново-формираната компанија, која би била вредна 39 милијарди долари.

Генералното мислење во авто-индустријата денес е дека компаниите ќе мораат да се соединат меѓу себе или блиску да соработуваат за да ги поделат трошоците за транзицијата на автомобилите од моторен на електричен погон.

Традиционалните авто-компании се наоѓаат под голем притисок од новите играчи на пазарот како „Тесла“ и „Убер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот