Рено гради мрежа од 200 станици за брзо полнење

Рено/ Фото Alexander Blinov / Alamy / Alamy / Profimedia

Автомобилската индустрија брзо се оддалечува од возилата со мотори со внатрешно согорување и соодветно на тоа Рено планира да изгради мрежа на станици за брзо полнење за електрични автомобили долж автопатиштата низ Европа.

Одделот за услуги за е-мобилност на францускиот производител на автомобили, Мобилајз, соопшти дека ќе отвори 200 станици за брзо полнење до средината на 2024 година низ Франција, Белгија, Италија и Шпанија.

„На крајот, возачите на електрични возила ќе можат да патуваат од Хамбург до Севиља целосно без грижа“, се вели во соопштението на Мобилајз, објави Пословни дневник.

Тесла со години произведува супер полначи со висока ефикасност и има глобална мрежа од околу 30.000 брзи полначи, а Фолксваген, очекува неговата мрежа на брзи полначи да се зголеми речиси четири до околу 45.000 до 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот