RENEXPO® за прв пат во Северна Македонија

Меѓународниот саем RENEXPO® за прв пат во Северна Македонија ги отвора своите врати на деловните лидери, носителите на одлуките, локалните и меѓународните стручњаци за обновлива енергија, управување со водите и управување со цврст отпад, со повеќе од 50 меѓународни и домашни изложувачи.

RENEXPO® е регистрирано заштитно име на Компанијата REECO International, која е организатор на саеми,  изложби и конференции низ цела Европа. Од 1997 година REECO International и REECO GmbH се пионери, чија цел е  да го трасираат патот кон снабдувањето со енергија заснована на обновливи извори на енергии, да промовираат нови можности за отпад и вода, и да ги интегрираат решенијата за енергетската ефикасност.

Саемите RENEXPO® станаа препознатлив бренд на Западен Балкан уште од 2014 година, кога се одржаа првите изложувања во Белград и Сараево. На нив се претставија релевантните странски компании со своите напредни технологии и се собраа заинтересираните страни да најдат можности за соработка, инвестирање и иновации на овој високо потенцијален пазар. Најзначајните настани на RENEXPO® се конференциите и тркалезната маса на кои владините службеници, креаторите на политиките, членовите на дипломатскиот кор, лидерите во индустријата и инвеститорите, ги промовираат своите интереси, ги здружуваат силите во заеднички напори и ги обликуваат идните трендови. Тоа е единствено место каде можете директно да ги контактирате потенцијалните партнери и да пронајдете информации од прва рака. Со широката мрежа на соработници во Копманијата REECO, како од регионот, така и од странство, секој саем  RENEXPO® е наменет за успех.

Бидејќи ова е првиот Саем RENEXPO® во Северна Македонија, многу странски компании се заинтересирани да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Исто така, пошироката јавност би била заинтересирана да се информираат за можните одржливи решенија за енергетските потреби на Северна Македонија, како  и за решенија за заштита на животната средина.

Темите, тркалезните маси и дискусиите на саемот се многу релевантни за квалитетот на животот на граѓаните на Северна Македонија и директно влијаат на економскиот развој на целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот