Рене Зелвегер Оскарот ѝ го посвети на жената која Холивуд ја создаде, но и ја уништи

profimedia

Сигурна сум дека ова е продолжение на нејзиното наследство и показател дека нејзиното наследство е единственот пример за извонредност и инклузија.

На синоќешното 92. доделување, Оскарот за најдобра женска улога го освои Рене Зелвегер, за улогата во филмот „Џуди“.

Биографската драма „Џуди“, во режија на Руперт Голд е посветена на последните месеци на животот на иконата на Холивуд, Џуди Гарланд. Ова е втор Оскар за Рене Зелвегер, а ѝ го посвети на Џуди Гарланд, жената која Холивуд ја уништи.

„Минатите години разговорите и пофалбите посветени на Џуди беа одличен потсетник колку нашите херои нè обединуваат. Кога ги славиме нашите херои, ние се сеќаваме кои сме во тоа единство. И не, Џуди Гарланд не доби Оскар додека беше жива. Но сигурна сум дека ова е продолжение на нејзиното наследство и показател дека нејзиното наследство е единственот пример за извонредност и инклузија, благодарност на духот, а сето тоа ги надминува уметничките достигнувања на поединците. Џуди Гарланд, ти си дефоинитивно една од хероините кои нè обединуваат и нè дефинираат. И ова е за тебе“, рече глумицата.

Конкуренција на Зелвегер ѝ биа Синтија Ериво („Хариет“), Скарлет Јохансон „„Приказна за бракот“), Сорша Ронан („Мали Жени“), и Шарлиз Терон („Тие се бомби“).

Profimedia

Рене Зелвегер на доделувањето на Оскарите беше облечена во прекрасен фустан на Армани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот