Рене Реџепи ја затвора „Нома“, најдобриот ресторан на светот

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Се затвора најдобриот ресторан во светот, познатата „Нома“ во Копенхаген, Данска кој успешно го води готвачот Рене Реџепи, кој е по потекло од Тетово. „Нома“ ќе работи уште само една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rene Redzepi (@reneredzepinoma)

Клуч на врата во 2023-та

Откако на светот ќе му го претстави своето летно мени за 2023 година, „Нома“ ќе биде затворена.
Социјалните мрежи на храна, љубителите на високата гастрономија и новостите од светот на данската „Нома“ деновиве се место на размена на многубројни коментари, пораки за поддршка и честитки, бидејќи „Нома“ уште еднаш изненади. Имено, со објавата на социјалните мрежи, како на самиот ресторан, така и на профилите на прочуениот готвач Реџепи и најблиските соработници, стигна веста дека на првиот ден од летото во „Нома“ ќе почнат да го служат сезонското мени базирано на билки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)


И тоа не би било ништо посебно, бидејќи летото отсекогаш во „Нома“ беше резервирано за најдоброто од сезонските зеленчуци и билки, за сезоната во која на чиниите на познатата „Нома“ се слави изобилството, доколку веста не беше заокружена и со информацијата дека воедно оваа летна сезона е последна што ќе се служи во Копенхаген оваа година. Нома (повторно) ја затвора вратата, овој пат од причина што готвачот

Рене Реџепи (повторно) го води целиот тим на „Нома“ на другиот крај на светот, во некои нови авантури. Поп-ап локацијата засега не е позната и најавено е дека повеќе информации ќе бидат достапни во текот на летото.

Реџепи објасни дека сака да патува и да го истражува светот, да открива нови вкусови и кујни. Оваа одлука следувала по повеќегодишно размислување, наведува Реџепи. На патувањето по светот ќе го води целиот свој тим, за заедно да ја бараат инспирацијата што ќе го освои светот во 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by noma (@nomacph)


Според најавата на тимот на „Нома“, ова патување ќе биде почетна точка на најголемата трансформација досега, а Реџепи тоа и го потврди со зборовите: „Пред околу една година во мојата глава почна да се раѓа план. Денес е денот кога ја отворивме нашата вегетаријанска сезона, последната што ќе ја служиме во Копенхаген оваа година. Оваа есен и зима повторно патуваме. Целиот наш тим ќе патува некаде во светот за да готви и учи“.

По враќањето во Копенхаген во 2023 година, планираат да го одбележат 20-тиот роденден на „Нома“.
Фален како еден од највлијателните готвачи на меѓународната гастрономска сцена, кулинарскиот магионичар Рене Реџепи буквално повторно ја измисли нордиската кујна. Како готвач најмногу се потпираше на сопственото културно наследство, нудејќи инвентивна фузија на нордиска и македонска кујна.

Награди и Мишелин ѕвезди

Во Антверпен, Белгија, „Нома“ беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2021 година од страна на жирито на 50-те најдобри ресторани на светот по петти пат. Потоа Рене Реџепи се изедначи со Феран Адрија по бројот на победи во ова престижно натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rene Redzepi (@reneredzepinoma)


Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во ова село. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово прогласен за најдобар во светот

Готвачот од Тетово, Рене Реџепи повторно меѓу првите во светот (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот