13 C
Скопје

Рената го има најубавиот поглед на Тиквешко Езеро и тоа право од нејзиниот преубав двор

Рената Јорданова има привилегија да ужива во еден прекрасен двор и тоа распослан непосредно пред Тиквешкото Езеро. Каков поглед! Какво спокојство и уживање.
-Викендицата и дворот ги поседуваме веќе 6 години, а градинарските вештини ги наследив од мајка ми, ни вели Рената.
Ни објаснува дека дворот го средува со мерак, со задоволство, со голема желба. Вели дека времето за уредување на дворот е убаво и забавно искуство. На овој двор Рената вложува час до два труд секојдневно.
-Ги обожавам убавите зимзелени дрвца, кои најмногу се совпаѓаат со прекрасниот поглед кон Тиквешкото Езеро, додава таа. 
Инаку, површината на дворчето е 120 m² и најраскошно изгледа во пролет.
– Голема привилегија е да се биде на чекор од езерото. Седејќи на тераса со релаксирачки поглед кон природните убавини на Тиквешкото Езеро, секој стрес или нервоза волшебно исчезнува. 
Инаку, Рената веќе 12 години поседува сопствено ателје, а поголем дел од нејзините изработки се свечени фустани, но дизајнира и други парчиња облека.
– Уметноста и креативноста ги поврзува овие две различни поими – атељето и дворчето, но со голем труд и желба се постигнува сè., вели Рената.
Рената Јорданова е мајка на две прекрасни ќерки Стефанија (17години) , Мануела (14 години), а со сопругот Трајче Јорданов и со децата живеат во Неготино. Се разбира, викендицата на Тиквешко Езеро често ја посетуваат. 
А ако сте веќе покрај Тиквешкото Езеро може да ја посетите познатата инка, а до познатиот Полошки манастир Св.Ѓорѓиј се стигнува единствено по воден пат, низ Тиквешкото езеро.
инка

Езерото е познато и по многу видови риби, особено по сомот кој се наоѓа во длабочините и кој може да достигне и до 100 кг. 
Ве оставаме да уживате, спокојно, во фотографиите со најубав поглед на Тиквешко Езеро, од дворот на Рената. 

Поврзани вести

ФОТО | Вил Смит сака да ја врати титулата „најдобар фраер“: Актерот започна со вежбање во теретана!

Слободен печат

Доаѓа моќен астро период за пари и љубов: Овие три знаци ги очекува голема среќа за време на младата Месечина

Слободен печат

ФОТО | Холивудските сребрени лисици: Овие актери се позгодни и пошармантни благодарение на седата коса!

Слободен печат

Пред десет години Парис Хилтон предизвика гнев кај јавноста, а дури денес го објасни натписот на нејзината маица „Престанете да бидете сиромашни“

Слободен печат

Експертите го вперија прстот во него: Само еден човек е виновен за заминувањето на Меган и Хари од кралското семејство!

Слободен печат

Направете си нешто вкусно ова попладне – Вкусете го колачето „Маџарица“

Слободен печат

Остави Коментар