Реми на Шкендија, Силекс на делба на првото место на табелата

фото: ФК Шкендија

Фудбалерите на Шкендија во Тетово одиграа само 1:1 против Борец во четвртото коло од првата фудбалска лига.

Гостите од Велес први дојдоа до предност и тоа со голот на Марио Станковски во 19. минута, но иако беа подобар противник на теренот, сепак не успеаја да ги освојат сите три бода. За тоа се погрижи Бруно Дита во 34. минута.

Екипата на Силекс со пресврт дојде до триумф од 3:1 над Ренова и се искачи на делба на првото место на табелата заедно со Шкупи.
Ренова поведе во 35. минута со голот на Рамадани, а одговорот од кратовчани дојде експресно.

До крајот на полувремето, прво Георгиев во 42. минута израмни на 1:1, а во последните моменти од првиот дел Ристов го донесе Силекс во водство. Конечниот резултат го постави Георгиев во 58. минута од натпреварот. По четири кола, Силекс и Шкупи се лидери на табелата со по 10 бода, Шкендија е веднаш зад нив со осум бода.

фото: ФК Шкендија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот