Реми на Работнички против Хапоел Рамат Ган

фото: ФК Работнички

Екипата на Работнички одигра нерешено на вториот пријателски натпревар на подготовките во Банско, против израелскиот тим Хапоел Рамат Ган.

Тимот на Александар Влахо остана непоразен играјќи 2:2 со израелскиот тим иако по првотото полувреме имаше водство од 2:1. Стрелец на свата гола за „романтичарите“ беше Марковиќ, првиот го постигна во седмата минута и тоа од удар од белата точка, додека вториот гол го даде во 33.минута.

Тренерот Александар Влахо на почетокот на мечот го изведе следниот состав: Шишковски, Илиќ, Клисура, Херера, Шаркоски, Стојков, Тодоровски, Фазлиу, Јаго, Марковиќ, Паповиќ. Во вториот дел добија шанса и останатите фудбалери.

Следниот предизвик за Работнички е дуелот со бугарскиот тим Септември кој ќе се игра во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот