Реми на Пандевци и Шкупи на подготовките во Анталија

Екипите на Шкупи и на Академија Пандев денеска ги одиграа последните контолни натпревари на подготовките во Анталија.

Академија Пандев одигра 0:0 со екипата од Туркменистан, Алтин Саир во натпревар во кој тие беа подобар противник, но не успеаја да ги реализираат шансите.

Струмичани на контролните натпревари пред стартот на пролениот дел од сезоната во домашниот шампионат, остварија една победа (Спартак Суботица 2:1), две ремија (Балтика 0:0 и Септември Софија 2:2) и три порази (Беласица Петрич 0:2, Ротор 1:5 и Младост Добој 0:1).

Шкупи пак одигра 1:1 со Рипенсиа од Романија. Шкупи на подготовките забележа дури пет нерешени натпревари со Дрита, Фљамуртари, Нефчи Баку, Челик Зеница и Рипиенса, и има само еден поразм, од Фероникели од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот