Ременски за „Слободен печат“: Со Боки 13 се запознав кога ненамерно ја спасив мајка му од отказ (ВИДЕО)

Фото Драган Митрески

Поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски во утрешното интервју за „Слободен печат“ зборува за случајот „Рекет“ и нејзината поврзаност со осомничениот Бојан Јовановски.

Запрашана за нејзината релација со Бојан Јовановски, таа одговори дека јавноста изминатиот период сведочеше, како што го нарекува „општествено и индивидуално“ лицемерие. Со Бојан се запознала кога ненамерно ја „спасила“ мајка му од отказ во Министерството за Труд и социјална политика.

– Додека на човек не му се случи нешто сите сме во ред со неговото однесување, на сите ни е добар за дружба, за на маса, меѓутоа кога ќе се најде во неволја сите се дистанцираат. Тука е најголемото општествено лицемерие кое го живееме за Бојан Јовановски. Бојан го запознав сосема случајно во периодот кога дознав дека во борбата со кадровските непринципиелности што се водеа за време на мојот мандат како технички министер за труд и социјална политика, дознав дека сум „спасила“ неколку вработени од отказ од работа, затоа што пријавиле криминал во секторот во кој работеле. Го запознав по негова желба да ми се заблагодари за спасот на неговата мајка, но во тој период. Тој беше своевидна служба за социјални работи во тоа време. Не е убаво да ги заборавиме гестовите кои ги правеше за многу семејства. Во таква една спонтана комуникација ние станавме пријатели кои делеа идеи, размислувања за општествени состојби. Секој што го познава Бојан ќе каже дека е добар за друштво и принципиелен другар. За жал многумина не сакаат тоа да го признаат. Моето познанство е можеби помало од она што Бојан го имаше со други мои сопартијци и други лица од бизнис заедницата, вели Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот