Ременски: Процесот „Рекет 2“ е тенденциозен против мене

Фросина Ременски, кандидат за претседател на СДСМ/ Фото: Слободен печат

Во последниот период кога во медиумите ќе излезе информација за рочиште за „Рекет 2“ моето име се става во контекст на потпретседател на Меѓународниот сојуз што не е точно. Јас неколку пати реагирав и барам објективно информирање. Јас таква функција во таа организација сум ја немала, изјави поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски по завршувањето на рочиштето за случајот „Рекет 2“.

– Ние чекаме две точки на кои што ќе дадеме сериозен приговор што верувам ќе фрли поинакво светло на целиот процес што се води кон мене и во тенденциозноста во истражната постапка и во целокупната оценка на обвинителниот акт во фазата на оценка и сега. Судот ќе ја има можноста да го чуе тој аргумент, претпоставувам на следното рочиште. Се што е направено буквално во однос на мене во овој процес е тенденциозен и противзаконски. Тоа е за незаконскиот влез во мојот дом што се поврзува и со незаконско издадена наредба за спроведување на таков претрес без наше присуство. Се што е земено е вештачено. Сега ОЈО се што одзема го повлекува од листата на докази – рече Ташевска-Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот