Ременски: Поддршката на невладините не е кривично дело

Ќе докажеме јавнообвнителско непознавање на работата на невладиниот сектор и ако оваа пракса се следи ќе се одврати правото на граѓаните на здружување и дека не треба да се критикува тоа право на невладините организации. Тоа не е кривично дело, истакна во својот говор во судницата на денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз, поранешната пратеничка Фросина Ременски. Според неа, по таа логика 80 отсто од пратениците ќе се најдеа на обвинителна клупа.

– Дали поддршката и лобирањето за правата на ранливите категории граѓани треба да бидат инкриминирачки за еден пратеник – прашаРеменски.

По денешното рочиште за “Меѓународен сојуз“, Фросина Ременски во изјава за медиумите истакна дека поддршката на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и за тоа обвинителството ниту има, а ниту пак ќе понуди докази.

– Во целокупната наша аргументација, фактите и правните прашања што ќе ги аргументираме во текот на постапката ќе негираме и ќе докажуваме дека нема кривично дело, коешто од страна на Јавното обвинителство ми се става на товар, а тоа е помагањето во измамата. Имајќи го предвид фактот дека, како што и сами слушнавте, од воведните зборови на скоро сите обвинети во овој случај се доведува во прашање и постоењето на кривично дело за кое денеска се одвива судење по него, но ние секако ќе ги истакнеме сите докази коишто одат во прилог на нашата теза, на одбраната, а тоа е дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е кривично дело и за тоа обвинителството ниту има, ниту пак ќе понуди докази – изјави Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот