Ременски осомничена за „Рекет“, за Мандиќ ќе се бара притвор

Фото: Слободен печат

Фросина Ременски е една од осомничените лица во проширената истрага за аферата „Рекет“ која денеска ја обелодени јавниот обвинител Љубомир Јовевски, дознава „Слободен печат“ од извори од истрагата.

Според нашите соговорници од ОЈО, осомничени се и најблиските соработници во Меѓународниот сојуз со кој раководеше сега веќе притворениот Бојан Јовановски. Осомничена е и асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова. Според нашите информации, осомничен е и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски. Како што неофицијално дознаваме, ОЈО ќе бара притвор за Јасна Мандиќ од Меѓународниот сојуз. Тие се осомничени за перење пари, помагање и измама. Во оваа афера притворена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот