Ременски: МВР на опрема што ја добила со кривично дело – вештачи кривични дела

Пратеничката Фросина Ременски денеска по средбата што ја оствари со членовите на Антикорупциска комисија рече дека комисијата веќе го истражува и предметот поднесен од нејзина страна во 2013 година за опремување на Министерството за внатрешни работи со лаборатории.

– Таа афера Афиси е класична злоупотреба на тендерска постапка во опремување на МВР преку злоупотреба на Факултетот за безбедност, во врска со три лаборатории во вредност од 4.2 милиони евра. Заради таа пријава што ја поднесов на 4 април 2013 година бев суспендирана од факултетот за безбедност. Всушност на опрема од кривични дела се врши вештачење на предмети од кривични дела – истакна Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот