Ременски му ја честиташе победата на Ковачевски: Останува мојот критички однос, се гледаме на победничките шини на СДСМ

Фросина Ременски
Фросина Ременски / Фото: СДСМ

Професорката Фросина Ташевска Ременски на денешните избори за лидер на СДСМ освои 2.836 гласови од социјалдемократите, наспроти убедливата победа на Димитар Ковачевски со 37.649 гласови од членството на најголемата владејачка партија.

Ременски очекува СДСМ со изборот на Ковачевски ќе ја врати партијата на победничките шини.

Таа им се заблагодари на членовите и симпатизерите на партијата кои гласаат за нејзината кандидатура за претседател на СДСМ.

– Сакам да им се заблагодарам на сите членови кои не успеаја да го остварат своето право на глас денеска како нешто на што мора да се работи во иднина. Да работиме на обединување и почитување на слободата, единството, обединување и солидарност како социјалдемократски вредности. Останува мојот критички однос кон партијата зошто само така ќе го изградиме СДСМ. Да седнеме сега на заедничка маса и да си подадеме рака, рече Ременски.

Таа потсети дека во нејзината кандидатура имаше симболика со „16 дена женски активизам“ со надеж дека ќе ги поттикне жените да го добијат заслуженото место на политичката сцена.

Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски им се заблагодари на Ременски и на Деспотовски за демократската атмосфера во изборот на нов лидер на СДСМ и најави дека ќе ги ангажира и повторно ќе соработува со нив како и досега.

Јован Деспотовски во обраќањето изјави дека неговиот „Концепт 28“ останува во партијата за да може да се искористи таму каде што има потреба.

Ковачевски: Драги другарки и другари, вечерва СДСМ е победник, ние сме столб на прогресивниот дел на државата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот