Ременски: Ќе докажам дека претресот во мојот дом беше незаконски

Судот на барање на поранешната пратеничка Фросина Ременски го затвори судењето од денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во делот кога требаше да се прикаже претресот во нејзиниот дом.

-Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видео – материјалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, изјави Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот