Ременски: Јас бев само почесен претседател во Меѓународниот сојуз

Фото: Слободен печат

После 4 часа распит во Јавното обвинителство, потпретседателката на Собранието на Македонија, Фросина Ременски која даваше исказ за аферата “Рекет” за јавноста изјави дека дала исказ како лице од кое може да се добие изјава, а не давала исказ како сведок или осомничена во истрагата.

Нагласи дека за се што и било познато, а била прашана од јавната обвинителка Вилма Рускоска дала исказ.

Одговарајќи на новинарско прашање дали таа била запознаена или пак знаела за сомнителните парични трансакции на Меѓународниот сојуз или на Бојан Јовановски, Ременски со став:

– Како што знаете јас бев почесен претседател и за сите облигациони и доверителски односи нормално не бев запознаена. Рече дека откако е приведен, не била во контакт со Јовановски, а за низата прашања кои и беа поставени од новинарите, Ременски истакна дека во интерес на истрагата не е во можност да ги одговори.

За лицата фотографирани заедно со притворениот Бојан Јовановски, може да се прашање од интерес за надлежни институции, но не и прашање на првична осуда, рече Ременск и додаде дека во во однос на нејзиното познанство со Бојан Јовановски, осомничен за случајот „Рекет“ станувало збор за ништо посебно, туку се познавала исто како и со новинарите.

Запрашана како ќе гласа во Собранието по однос на извештајот на Советот на јавни обивнители за специјалната обвинителка Катица Јанева, Ременски одговори:

– Ние како партија и како пратеници немаме дилема дека за започнатите постапки, кои се однесуваат на Јанева ќе гласаме согласно законската обврска и да донесеме правилна одлука. Ниту еден граѓанин којшто извршува одредена должност, не треба да ги избегнува државните институции кои имаат интерес да дојдат до одредени сознанија. Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство. Очекувам Собранието да го донесе Законоот за јавното обвинителство. Ги отфрлам сите поврзувања со осомничените во „Рекет“ и најодговорно ги демантирам тие шпекулации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот