Ременски: Екс-директорот на УБК живее во куќата на адвокатот на Орце Камчев (ВИДЕО)

Фото Драган Митрески

Антикорупциската комисија веќе работи на случаите за кои пратеничката Фросина Ременски поднела претставки – противправно обезбедување пензија на Силјан Аврамовски, заменик директор на УБК од страна на екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за имотот на кој живее екс директорот на УБК Горан Николоски.

– Антикорупциската комисија веќе констатира дека екс-директорот живее на тој имот. Останува дополнително да се истражат релациите и можностите за можна корупција поврзани со предмети од Специјалното јавно обвинителство. Дали тој како директор на УБК влијаел и овозможил некакво добро на свој поранешен шеф поврзано со „Рекет“. Дали поради тоа што екс директорот на УБК живее во куќата на адвокатот на Орце Камчев биле причина поради која тој не презел активности кои требал – изјави Ременски.

Според неа, Камчеви на Николоски му пријавиле дека им се случува Рекет, но тој пропуштил да дејствува иако бил должен како службено лице.

– Ако бил информиран државно политичкиот врв тогаш сигурно немале да следуваат јавните појавувања и дружби на политичари, јавни обвинители луѓе од правосудство со обвинетите во Рекет – рече Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот