3 C
Скопје

Ременски бара ИЗВИНУВАЊЕ: Ничие право не смее да загрози право на друг

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски најави дека ќе се придружи во тужбата против два медиума, кои во свои статии објавиле нејзина наводна инволвираност во „Рекет“.

„Ничие право не смее да загрози право на друг. Тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните. Медиумите како придобивка на демократијата имаат и право и обврска да известуваат за сите прашања од јавен интерес и за случаи на криминал и корупција, почитувајќи ги начелата на новинарската етика кои вклучуваат објективно известување, проверка на веродостојноста на информациите и забрана за злоупотреба на средствата за јавно информирање за лажно обвинување за корупција.

На „Инфомакс” на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.

Прочитајте и...  Како да се препознае коронавирусот кај децата? Ова се симптомите кои секој родител мора да ги запамти

Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување.

Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.

Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот Инфомакс и порталот Република кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.

Прочитајте и...  ЕМА: Фајзер/БиоНТеч вакцината може да биде одобрена за неколку недели

Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат“ напиша на својот фејсбук-профил пратеничката.

Поврзани вести

Царовска: Унапредувањето на стручното образование е наш приоритет

Слободен печат

Кандидатот за градоначалник на ТМРО најави повеќе пари за штипскиот Дом на млади

Слободен печат

Лесни дроги против тешкотиите во угостителството

Слободен печат

Кандидатот за градоначалник Николов ветува 100 куќи за социјално загрозени семејства во Штип

Слободен печат

Во Албанија 832 новозаразени и 12 починати од Ковид-19

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Кинеското летало Чанг 5 успешно слета на Месечината

Илинка Иљоска

Остави Коментар