Ремек-делото на веризмот „Палјачи“ ќе биде изведено во Националната опера

Драматичната опера „Палјачи“, од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена на 27 јануари 2023 (петок), со почеток во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф – Олга Панго, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат солистите Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој Нацоски и Драган Ампов. Балетски солисти се Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Во изведбата на операта учествуваат Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот