Релито се врати на македонската спортска мапа (ФОТО)

АКК Примо Рејсинг отвори нова страница во сопствената и во историјата на македонскиот автомобилизам со успешната организација на првиот рели натпревар во нашата земја по пауза од цели 40 години. Викендов во Охрид, односно на планината Галичица се одржа првото меѓународно “Рели две езера” како дел од шампионатот на Централно-Европската Зона, првенството на Србија и на Македонија.

Организацијата на еден таков настан беше и дологодишен сон и предизвик за екипата на Примо Рејсинг. Користејќи ги огромното искуство во организацијата на голем број на ридски и кружни натпревари и по долготрајни подготовки, оваа година, конечно тој сон ни се оствари подпомогнати од општините Охрид и Ресен и АМС.

Сервисот и целокупното рели беше стационирано на градскиот кеј во Охрид, додека релито се водеше на стариот пат за Отешево преку Галичица. Вкупната должина изнесуваше 215 км од кои 65 км беа компетитивни поделени во 4 брзински испити.

Од спортски аспект, трагичар на релито беше фаворитот Владица Рабреновиќ од Србија кој со своето Renault Clio R3 беше фаворит за победа возејќи го најмоќниот и најподготвениот автомобил. Очекувано, по првата етапа Рабреновиќ со неговиот совозач Ана Голиќ го поведоа релито триумфирајќи на првиот брзински испит со време од 8:17. Но, на вториот испит им се дупна гума со што загубија 4 минути за менување и водството го презеде екипажот Александар Дучиќ/Владимир Зариќ со Peugeot 208 R2.

Рабреновиќ тргна на се или ништо на третата етапа триумфирајќи со време од 8:21, но Дучиќ беше веднаш зад него со само 2 секунди заостанување. Четвртата, последна етапа ја доби Горан Рабасовиќ со Citroen C2 R2 со 8:24, но Дучиќ и овојпат имаше контрола врз ситуацијата заостанувајќи само 1 десетинка.

Од македонските преставници, во класата А, најдобар беше екипажот Христаки Давитковски/Боби Јовановски со Honda CRX, а во класата N, најдобри беа Владимир Димушевски/Бранко Гушиќ со Hundai I20 .

Резултати:
А. Дучиќ/В. Зариќ (Peugeot 208 R2) 33:38
Г. Рабасовиќ/М. Јањиќ (Citroen C2 R2) 33:49
Ж. Милутиновиќ/У. Лучиќ (Renault Clio Ragnotti) 33:56

[foogallery id=”45207″]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот