Рекреирана венчаницата на принцезата Дајана: „Тој фустан е повеќе од сѐ што носам во серијата“

Профимедиа 1

Четвртата сезона од серијата „The Crown“ е уште едно достигнување што го очекуваме на Нетфликс во 2020 година. Премиерата е закажана за 15 ноември, а гледачите конечно ќе можат да видат како Ема Корин ќе ја долови принцезата Дајана.

Од официјалниот фејсбук профил на “The Crown”

Досега видовме неколку фотографии од Ема во изглед на принцезата Дајана и може да се каже дека ги задоволуваат критериумите, пишува BuzzFeed.

Фотографија Профимедиа

Покрај фризурата и изгледот, според коментарите може да се заклучи дека Ема покажа држење и стас како вистинска принцеза.

Нетфликс на социјалните мрежи објави и фотографија од Ема во познатата венчаница на принцезата Дајана. Интересно е што Ејми Робертс, модната дизајнерка на серијалот „The Crown“, не сакала да ја направи комплетно истата реплика на венчаницата на покојната принцеза, но се стремела да е нешто „со ист дух и стил“.

Фотографија Профимедиа

Излегов во венчаницата и сите останаа без зборови. Тој фустан е повеќе од сѐ што носам во серијата, тој фустан е Дајана“ – изјави Ема Корин за британски Вог.

Таа додаде дека 10 лица и помогнале само да ја облече кралската венчаница, бидејќи е „масивна“.

Знам дека е чудно и излитено, но се чувствувам како да ја познавам. Сакам да ја направам горда – изјави Ема Корин за Сандеј тајмс.

За потсетување, премиерата на серијата „The Crown“ е закажана за 15 ноември на стриминг услугата на Нетфликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот