Рекордно високи температури се очекуваат викендов во Грција

Рекордно високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео” на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на професорот од Универзитетот на Крит и директор на Институтот за истражување и одрлжлив развој при Националната опсерваторија во Атина, Никос Михалопулос, кој за „ЕРТ” рекол дека ако се потврдат предвидувањата за 40-41 степени Целзиусови, тогаш тоа ќе биде рекорд во последните 150 години.

Според податоците на грчката опсерваторија, на 13 мај 2017 година во градот Аргос на Пелопонез и на 30 мај 1969 година во градот Лариса биле регистрирани 40 степени Целзиусови што се и досегашните рекорди во Грција.

Во месец мај, рекордно високи температури во Атина (36,8 степени) биле регистрирана во 2008 година, а во Солун (36,6) во 1950 година.

Токму предвидувањата за топол бран, несвојствен за овој дел од годината, грчките власти одлучија да се отворат организираните плажи во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот