Рекордни заштеди во Германија, богатството на граѓаните се зголеми на 7,7 трилиони евра

Граѓаните на Германија во изминатата година дополнително ги зголемија заштедите, па нивното богатство се зголеми на рекордни 7,7 милијарди евра, соопшти денеска ДЗ банка.

Економистот на DZ Bank Михаел Стапел изјави дека стапката на штедење во изминатата година, иако паднала во однос на 2020 година, сепак била високи 15 отсто, што значи дека германските граѓани заштедиле 15 на секои 100 евра плата, пренесува Индекс.

Во рекордната сума од 7,7 трилиони евра се вклучени класични парични заштеди, хартии од вредност и побарувања од осигурување.

Рекордниот бран на заштеди започна во 2020 година со првите знаци на пандемија, а во таа година стапката на заштеда беше 16,1 отсто. Минатата година тој тренд беше малку намален во текот на летните месеци, кога се чинеше дека пандемијата е при крај.

Сепак, потрошувачките чувства се намалија наесен, кога беше неизбежен нов бран на пандемии и нови затворања, рече Стапел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот